Можност за предвремено пензионирање до максимум пет години пред остварувањето на правото на пензија, ама со намален износ, планира да овозможи Владата во следниот мандат, објави Фактор.
Мерката стои во владината програма за работа од 2020 до 2024 година, но поради тоа што таму не се наведени рокови, не е прецизирано кога ќе бидат донесени овие законски измени.
Владата се обврзува да обезбеди нова повисока минимална пензија која ќе изнесува најмалку 10.700 денари за сите. Се најавува и можност за докуп на стаж за да се добие пензија.