Неговата нето плата ќе изнесува ни помалку ни повеќе, туку 52.440 денари, објави Фактор.
Општите услови што ќе треба да ги исполни овој вработен, односно да е државјанин на земјава, активно да го користи македонскиот јазик, да е полнолетен, да има општа здравствена способност за работното место и со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност, а посебните услови се факултет, односно ниво на квалификациите VI Б според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Економски науки, а со или без работно искуство во струката.
Но, интересно е дека тој човек треба да поседува и возачка дозвола од Б и Ц категорија, што е наведено во дополнителните услови на огласот, но и согласно годишниот план на институцијата, треба да се вработи Македонец.
Comments are closed.