Мрежата на продавници за спортска опрема Декатлон (Decathlon) наскоро влегува на пазарот во Македонија, а влезот ќе се реализира преку три фази кои би се финализирале за три години, пишува Скопје Инфо.
Првата фаза вклучува скенирање на пазарот и избор на локации кои се погодни за изградба на продавници и таа е веќе започната. Втората фаза ќе биде изградба на објекти. И третата фаза ќе биде отворање на објектот и скенирање на пазарот за проширување на мрежата.
Компанијата Декатлон e основата во 1976 година во Франција. Во моментов има 1600 продавници во 69 земји ширум светот, а меѓу нив се оние во соседството, во Србија, Бугарија и Грција и во моментов брои повеќе од 100 илјади вработени.