Ќерката на Моника Белучи потсети на мајка ѝ додека снимаше реклама во Рим (ФОТО)

by Тони Зографски

Дева Касел, ќерката на Моника Белучи и Венсан Касел, на снимањето на рекламата за модната куќа Dolce & Gabbana во Рим изгледаше сензационално, а со своето издание за оваа пригода многумина ги потсети на својата мајка.

Сетот на рекламата се наоѓаше на живописна локација во близина на фонтаната Ди Треви, а 18-годишната манекенка го покажа своето витко тело во црн мини фустан од тантела, кој го искомбинира со црни влечки.

Дева изгледаше неверојатно на снимањето со беспрекорна шминка на лицето, вклучувајќи црвен кармин.

Убавицата ја носеше темната коса обликувана во лабави локни. Мини фустанот што го носеше е дел од дизајнерската колекција пролет/лето 2023.

Таа влезе во светот на модата пред четири години, кога стана заштитно лице на брендот Dolce & Gabbana. Една од нејзините први модни ревии беше Alta Moda, која ја носеше во 2021 година на плоштадот „Свети Марко“ во Венеција. Тогаш го привлече вниманието на јавноста.

Image

Од детството знаела дека сака да ги следи стапките на мајка си, а двете заедно позираа за насловната страница на италијанското издание на магазинот Vogue.

Ги фотографираше Паоло Роверси, кој беше воодушевен од убавината и елеганцијата на оваа млада дама. Тој изјави дека може да „стои рамо до рамо“ со модели како Наталија Водијанова и Кејт Мос.

This image has an empty alt attribute; its file name is deva-kasel-1.jpg

останати вести