Mетеорологот на ITV, Крис Пејџ, на својот профил на Твитер споделил фотографија од едни баба и дедо кои поради короновирусот, се во самоизолација.
„Најслатка работа која ја видов денес“, напишал покрај фотографијата која ја презел од својот пријател па додал:„Запамтете: Самоизолацијата, ако правилно се спроведува, не мора да биде осамена. Тешко е, но по насмевките на бабата и дедото се гледа дека уживаат во ова“.
Имено, овие двајца луѓе ја послушале препораката за одбегнување на социјални контакти, но нивните внучиња, тригодишната Флоренс и едногодишната Едит, пронашле начин како да ги изненадат и развеселат, пренесува Daily Mail. Сите четворица ги потпреле своите дланки на прозорското стакло за да си искажат љубов.