ИМА 60 ГОДИНИ, А СЕГА СЕ СОБЛЕЧЕ ГОЛА: Реалити ѕвездата ништо не препуштила на фантазијата (ФОТО)

by Тони Зографски

Познатата американска реалити ѕвезда и некогашна актерка и модел, Лиса Рина, ги изненади фановите споделувајќи фотографија на која позира без ниту едно парче облека на себе.

Славната 60-годишна Лиса споделила провокативна фотографија на која се гледа нејзиното голо тело, а најинтимните делови ги прекрила со емотикони во облик на срца. Но, сепак ништо не препуштила на фантазијата.

Лиса која е позната по атрактивниот и сексапилен имиџ, иако е во 7-та деценија од животот, тврди дека инспирација за ова скандалозно селфи пронашла во серијата „Schitt’s Creek“ и ликот од истата, Мојрa Роуз, кој инаку го толкува нејзината колешка Кетрин О’Хара.

„Мојра Роуз вели дека треба да правите што е можно повеќе голи фотографии додека сè уште можете и да ги славите. Добро, Мојра“, напишала Рина на фотографијата која ги изненади нејзините 3,7 милиони следбеници.

На Лиса не ѝ се непознати ваквите фотографии – на почетокот на овој месец таа го прослави својот 60-ти роденден со уште една фотографија на која е целосно гола.

останати вести