Фудбалерот на Бока Јуниорс, Себастијан Вилја е во големи проблеми бидејќи неговата девојка Даниела Кортес го обвини за физичко насилство.
Даниела Кортес го обвини еден од најдобрите фудбалери на Бока за физичко насилство, а фотографии и видеа од повредите прикачи и на социјалните мрежи. Таа отворено порача дека насилството врз неа траело подолг период и дека не планирала веќе да молчи и да ја трпи оваа тортура.
– За жал мора да го сторам ова денес затоа што веќе не можам да го трпам ова што ми се прави. Две години живееме заедно и ова не е прв пат да се случува. Му простував и мислев дека ќе се промени, но нема. Ова го објавувам затоа што сакам да видат сите каква ѕверка е тој, -напиша Даниела на својот Инстаграм профил. Психичкото и физичкото злоставување трае некое време, а јас имам и сведоци за тоа. Не можам да разберам некој да е во состојба ова да го стори. Чувствувам голема блка затоа што сум далеку од своето семејство и се плашам дека ќе се случи нешто уште пострашно. Ова е вистината за Себастијан Вилја, човекот кој тепа жени, а јас знам дека не сум единствената на која и го сторил ова. Од него сакам помош само за да се вратам во својата држава и да бидам со своето семејство и ќерката затоа што со него веќе не сакма да бидам, -напиша Даниела на социјалните мрежи.