Моделот Стејси Кларк по раскинувањето со партнерот по 15 години врска била целосно скршена. Имено, сега веќе ѕвездата на „Онлифанс“ смислила „пеколен план“ на кој, верувале или не, потрошила 28.000 евра.
Еве како изгледа денес после многуте операции.
Како што изјавила за британските медиуми, манекенката воопшто не зажалила за направената трансформација бидејќи сега повеќе од кога било добива поголемо внимание од посилниот пол. Оваа 33-годишна мајка од Свонси, вели дека подлегнала на бројни процедури по раскинувањето, вклучувајќи операција на градите, бразилско подигнување на задникот, лифтинг на лицето, фасети на забите и многу друго.
Бидејќи претходно била окупирана со работата и воспитувањето на децата, вели дека не размислувала за операциите, но раскинувањето ѝ било главен мотив за направената промена.
Операциите ѝ го промениле личниот опис и начинот на живот. Освен тоа, новиот изглед ѝ ја зголемил самодовербата и ѝ донел многу среќа на љубовно поле.
Инаку, Стејси порано живеела повлечено, и професионално се занимавала со фотографија, но откако станала мајка на помлада возраст, сакала да го истражи своето „ново јас“.
Покрај тоа што е активна на Инстаграм, таа редовно објавува провокативни фотографии и на платформата за возрасни „Онлифанс“.