Пејачката Џејн Марчевски позната под уметничко име „Nightbirde“ почина на 31-годишна возраст по борба со ракот. Таа со својата насмевка и позитивен став кон животот и покрај тешката борба со ракот на белите дробови, ‘рбетот и црниот дроб гоосвои жирито и гледачите на шоуто „Америка има талент“.
Откако на својот прв настап во шоуто со авторска песна ги воодушеви членовите на жирито и публиката и заслужено го доби „златното копче“ од Сајмон, Џејн потоа објави дека поради здравјето мора да се повлече од натпреварувањето.
Тогаш објасни дека здравствената состојба и е влошена и дека и е потребна сета енергија.
„Споделувањето на моето срце со светот беше чест и остварување на сонот. Какво чудо што болката низ која поминав се претвори во убавина што ги тера луѓето ширум светот да ги отворат очите широко. По аудицијата, моето здравје се влоши и борбата против ракот ја бара сета моја енергија и внимание. Жал ми е што нема да можам да продолжам да бидам дел од оваа сезона AGT. Животот не секогаш е полезен за тие кои го заслужуваат тоа, но веќе го знаеме тоа“,напиша Џејн во обраќањето кон своите фанови кога мораше да прекине со натпреварувањето.
Во 2017 година на Џејн и е дијагностициран рак на дојката. Две години подоцна докторот и дал само 2 проценти шанси за живот во период од три до шест месеци.