ОТКРИ ШТО ЈАДЕ ВО КАРАНТИН: Том Хенкс се храни со намаз од 135 денари (ФОТО)

by Тони Зографски

Холивудскиот глумец Том Хенкс со сопругата Рита Вилсон се наоѓа во карантин во Австралија бидејќи се заболени од коронавирус. Тој им испрати порака на фановите.

„Здраво луѓе! Рита и јас сакаме да им се заблагодариме на сите кои добро се грижат за нас. Имаме Ковид-19 и сме изолирани за вирусот да не се шири затоа што постојат луѓе на кои може да им предизвика сериозна болест. Има работи кои сите можеме да ги направиме, а тоа е да слушаме совети од експертите и да водиме сметка за себе и за едни и други, зарем не? Запаметете, и покрај моменталните случувања, не очајувајте!, напиша Том Хенкс и со уште една објава и фотографија покажа со што се храни додека е во изолација.

Се работо за тост намачкан со австралиски намаз “Вегемите“ кој е направен од пивски квасец,  богат е со витамин Б и чини само 4 австралиски долари (135 денари).

-Благодарност до “помагачите“. Ајде да се грижиме за себе и за другите. Хенксови – напиша Том на Инстаграм.

Инаку, Том Хенкс два пати има освоено Оскар, и е “тежок“околу 400 милиони долари.

останати вести