Јан и Ана со торта му го честитаа 63. роденден на Влатко Стефановски (ФОТО)

by Тони Зографски

Македонскиот гитарски виртуоз Влатко Стефановски денеска наполни 63 години. Најубавата честитка Влатко ја доби од ќерката Ана и синот Јан. Тие на Инстаграм објавија фотографија со роденденска торта на која пишува:

-Среќен роденден тато.

“ Фала ви, сакани мои деца“ напиша Влатко на својот Инстаграм профил.

Влатко Стефановски е роден во Прилеп на 24 јануари 1957. Тој е основач на „Влатко Стефановски Трио“, и еден од основачите на групата „Леб и сол“. Првите соло-настапи на Стефановски започнале во почетокот на 1990-тите, а заедно со Бодан Арсовски во 1990 година го издал првиот македонски компакт-диск, со музика за рок-балетот „Зодијак“. Во 1994 година, Стефановски го снимил својот прв самостоен албум, „Каубои и индијанци“, додека сè уште бил член на „Леб и сол“.

Во текот на својата долга музичка кариера Влатко Стефановски добил повеќе награди меѓу кои Естрадната награда на Југославија, наградата (за животно дело) Трајни вредности во Македонија и други.

Инаку, синот на Влатко, Јан е  дел од „Влатко Стефановски трио“, каде удира на тапани, додека Ана лани докторираше на Универзитетот во Падова, Италија.

View this post on Instagram

Thank you, my loving kids!

A post shared by Vlatko Stefanovski (@vlatko_stefanovski_official) on

останати вести