Ѓоковиќ играше на теренот, а на трибините две манекенки страсно се бакнуваа

by Тони Зографски

Хуберт Хуркач му правеше проблеми на Ѓоковиќ, но сепак српскиот тенисер се пласираше во четвртфиналето на Вимблдон, меѓутоа за време на нивниот меч вниманиепривлече и сцена од трибините.

Двете манекенки Кара Дeлевињ и Лиа Мејсон на моменти страсно се бакнуваа не криејќи ја својата љубовна врска. Многу често беа во фокусот на вниманието, а на социјалните мрежи се појавија и фотографии од страсните бакнежи.

Останува да се види дали би можело да има реакција од организаторот затоа што на моменти дефинитивно ја минуваа и границата 18+. Досега ваква ситуација на неофицијалното тениско светско првенство не била забележана.

останати вести