“ШТОЕ СЛЕДНО, КИТ?“: Младите момци кои уловија ајкула од 200 килограми во Будва објавија снимка

by Тони Зографски

Младите момци кои уловија ајкула во Будва објавија видео на интернет. Тие фатиле ајкула тешка 200 килограми и долга преку 3 метри. Почнаа да се редат коментари на социјалните мрежи: „Честитки момци“, „Леле“, „Браво момци“…

А еден корисник на шега праша: „Што е следно, кит?“

Сината ајкула која ја фатиле момците е уловена на отворено море. Овој вид ајкула се смета за еден од најубавите и најраспространетите во светот.
Рајко Бојановиќ, член на спортскиот риболов клуб „Ширун“, која ја улови, изјавил дека рибата ќе биде препарирана во Природонаучниот музеј на Црна Гора, а изложбата е планирана за септември.

Уловите на сина боја од минатите години покажуваат дека овој вид ајкула најчесто се среќава во Јадранското Море напролет.

останати вести