На социјалните мрежи кружи бизарно видео снимено среде бел ден во шпанскиот град Валенсија, на 24 ноември.
Гледаме млада девојка како шета млад човек на поводник, а сето тоа се одвива во прометната улица Колон. За кратко време, само на TikTok, видеото беше прегледано повеќе од 2,4 милиони пати.
Радио Лакале Блу јавува дека гледачите биле главно шокирани, особено затоа што момчето се однесувало како „разгалено куче“.
Во еден момент, тој глуми копулација со бандера, а потоа уринира на неа, додека случајните минувачи збунети ја гледаат сцената.
Во вториот клип гледаме дека станува „агресивен“, се обидува да касне минувачи, а потоа и девојката која оди со него.
Многумина во коментарите пишуваат дека немаат зборови или емотикони за да ја опишат својата реакција.
Други сметаат дека сѐ е инсценирано, за да се „соберат“ лајкови, а други се загрижени за однесувањето на младите.