Холивудската глумица Џејн Фонда (86) на овогодинешниот Филмски фестивал во Кан ја изненади режисерката Жастин Трие со драматичен испад.
Имено, Фонда на режисерката и ја врачи наградата „Златна палма“ за филмот „Анатомија на падот“, која таа заборавила да ја земе со себе кога се симнувала од сцената. Актерката потоа се обидела да и го привлече вниманието, но набрзо го изгубила трпението и наградата ја фрлила директно во главата на режисерката.
Режисерката сепак изгледала како ништо да не се случува, па Фонда притрчала кон неа и бесно и покажала.
Многумина се на мислење дека ова видео е многу добра шега.
https://twitter.com/i/status/1662573069548806145