Легендарниот тенисер Роџер Федерер се појави во Рим со сопругата и децата, а многумина останаа без зборови кога забележаа колку близначките Мила и Шарлин личат на нивната мајка Мирка.
Еден од најдобрите и најтрофејни светски тенисери во историјата е горд татко на четири деца, кои ги доби со поранешната тенисерка Мирка Вавринец Федерер.
Спортистот отсекогаш бил посветен на семејството, а откако се пензионираше минатата година, секој момент го поминува со своите најблиски и ужива во целото свое слободно време и го надополнува пропуштеното откако со години патуваше низ светот и напорно тренираше.
Деновиве семејството Федерер е во Италија каде ужива на одмор, а папараците успеаја да уловат еден од нивните моменти на опуштање.
Имено, Роџер е виден на прошетка низ Рим со сопругата Мирка и децата – ќерките Мила Роуз и Шарлин Рива и синовите Лени и Лео.
Многумина се изненадија кога забележаа колку тинејџерките личат на нивната славна мама, бидејќи на прв поглед изгледаше како да ја гледаме Мирка на рана возраст!!