Републиканецот Дејвид Андал во Северна Дакота ја освои функцијата владин функционер иако почина пред скоро еден месец од компликации предизвикани од инфекцијата со ковид-19. Андал и уште еден републиканец освоија две места во Северна Дакота, а тој успеа да освои околу 36 проценти од гласовите.
Инаку, Дејвид Андал почина на 55-годишна возраст на 5 октомври откако се разболе и беше хоспитализиран со новиот коронавирус. Мајката на кандидатот, Пат, за весникот „Бизмарк трибјун“ изјави дека болеста на нејзиниот син била многу неочекувана и дека Андал бил „многу внимателен“ за време на пандемијата.
„Тој имаше силни чувства кон својата општина… и сакаше да ги подобри работите“, рече таа.
Сега, за неговото место ќе се најде замена од редовите на републиканците.