Холивудската актерка Шенон Доерти која со години се бори со ракот на дојката, на Инстаграм објави дека синдикатот на актерите SAG-AFRTA одбива да ѝ ги покрие медицинските трошоци бидејќи претходната година не заработила 26.470 долари, што е минимум за да се стекне со право на здравствено осигурување
„Јас сум љубопитна за таквите како мене кои работат од 10-годишна возраст и редовно плаќаат членарина во синдикатот, а кога не можеме да работиме поради болест, нашето здружение не напушта. Мислам дека можеме да работиме подобро за сите наши членови и мислам дека вие сте личноста која може да го направи тоа“, напиша таа, меѓу другото означувајќи ја нејзината колешка Фран Дрешер, кој е претседателка на споменатото здружение.
„Животното осигурување не треба да се заснова на годишен приход. Тоа е доживотен придонес. Не е во ред тоа што јас и многу други кои плативме доживотно членство да бидеме оставени само затоа што не ги исполнуваме вашите сегашни критериуми“, заклучила актерката.
За потсетување, на Шенон Доерти која се прослави со улогата на Бренда во серијата „Беверли Хилс“, во 2015 година ѝ беше дијагностициран рак, по што ѝ беше извршена мастектомија, а исто така беше подложена на бројни третмани со хемотерапија и зрачење. Иако беше на ремисија, болеста ѝ се врати и таа редовно ги ажурира своите следбеници на Инстаграм за тоа како се чувствува.