Шекил О’Нил се прости од Коби Брајант. Легендарниот тандем на почетокот од овој век доминираше во Лејкерси, но пријателството го прекина несреќата во која животот го загуби Коби.
„Не постојат зборови со кои можам да ја опишам болката низ која поминува во овие трагични и тажни моменти поради губењето на мојата внука Џиџи и мојот брат. Загубив пријатели, брат, партнер во освојување титули. Те сакам брате и ќе ми недостигаш. Сочувство до фамилијата Брајант и семејствата на останатите патници. Лошо ми е.“ – напиша Шек на Твитер.