Шарлиз Терон си фати манекен од Балканот (ФОТО и ВИДЕО)

by Тони Зографски

Холивудската глумица Шарлиз Терон е видена во друштво на манекенот Алекса Димитријевиќ, со која се шетала држејќи се за рака, откако заедно вечерале.

По неуспешните љубовни врски со Шон Пен и Габриел Орби, Шарлин изгледа конечно го нашла вистинскиот маж. Актерката со љубов го гледала Алекса додека шетале по улиците на Лос Анџелес без да се крие од минувачите и папараците.

Димитријевиќ претходно биле модел на брендови како Malbon Golf, AG Green Label, The Elder Statesman и Combo Boking, а на веб-страниците за модели стои дека Алекса живее во Лос Анџелес и дека освен со манекенство се занимава и со дизајн . Судејќи по презимето, манекенот потекнува од нашите простори, пишува Н1.

Image

Инаку, Шарлиз беше во врска со актерот Шон Пен во 2015 година, а се забавуваше и со Крег Биерк, Стивен Џенкинс, Стјуарт Таунсенд и моделот Габриел Обри. Таа е мајка на две посвоени ќерки: Џексон (11) и Август (7)

останати вести