Седумгодишното девојче кое беше под урнатините на зграда во Хатај е спасено 136 часа по разорните земјотреси што во понеделникот ги погодија јужните провинции на Турција.
Уште едно чудо во Хатај, Турција.
Спасувачките тимови се тркаат со времето за да продолжат со потрагата и спасувањето во регионите погодени од земјотресот.
Спасувачите откриле дека под урнатините на зграда во населбата Дефне има живо лице и по неколкучасовна акција успеале да спасат седумгодишно девојче. Насобраните еуфорично го прославија спасувањето на девојчето Исра, кое беше префрлено во болница.
Spašavanje djevojčice iz ruševina
Video credits: Anadolija pic.twitter.com/BvfINcDyQG— Dnevni avaz (@DnevniAvaz) February 11, 2023