Фотографијата на Радмила Шекеринска пред симболите на УЧК денеска ја коментира и официјален Белград, односно српската влада и еден од најблиските луѓе на претседателот Александар Вучиќ. Според државната телевизија на Србија РТС министерот за одбрана Александар Вулин смета ова е недозволиво.
“Позирање пред симболи на терористи кои се неспорно криви за убиства на стотина цивили, жени и децa и зборување дека така се служи на граѓаните не е ништо помалку лицемерно отколку да се сликате под знамето на Исламската држава и да говорите за верска толеранција.”
Вулин во пораката до македонската колешка прашува зошто Шекеринска не се фотографира пред кукаст крст, односно нацистичкиот симбол Свастика или знамето на усташката држава НДХ и не каже дека тоа е ретро моден правец.