Да потсетиме, за време на церемонијата на крунисување на кралот Чарлс, дел од публиката забележа морничава фигура на влезот во лондонската црква, која изгледа како митски мрачен жетвар, симбол на смртта. Фантомската фигура полека се движеше, облечена во темна облека и во раката држеше предмет налик на коса.

Не недостигаа теории за тоа кој е морничавиот лик, од шеговити коментари до нагаѓања за кого дојде Смртта, а многумина коментираа дека тоа не е добар знак.

На разочарување на вторите, мистеријата беше решена и, не, смртта, а ниту покојната кралица, принцезата Дијана, ниту преправената Меган Маркл не прошетаа низ влезот во Вестминстерската опатија.