Чувар на музеј се обидел да изеде изложен експонат, го снимиле камерите (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Минатата недела организаторите на изложбата за современа уметност во центарот на VDNKh забележале дека на една од инсталациите му недостасува „главниот протагонист“ и веднаш ја прегледале снимката од безбедносните камери. Да се ​​каже дека биле шокирани од глетката е потценување.

Уметничкото дело претставува чинија со вода од која ѕирка златна рипка, додека друга се обидува да избега и скока покрај сликата на отворено море.

Инсталацијата симболично го добила името „Бегството на златната рипка“, а очигледно му паднала во очи на еден чувар, пренесува Oddity Central.

На видеото се гледа како полека се приближува до садот, а потоа ја вади златната рипка, ја мириса и се обидува да ја касне.

Кога организаторите го забележале проблемот, ги провериле камерите, а потоа го соочиле обезбедувањето со бизарното откритие.

Тој, наводно, ги кренал рамениците и објаснил дека имал тешка ноќ со многу малку сон и дека не разбира што прави. Веднаш бил суспендиран од работа, а инсталацијата по неколку дена била вратена во изложбениот простор.

останати вести