Човек медитира во снежна бура на врв на Хималаите, снимката го обиколи светот (ВИДЕО)

by Тони Зографски

На интернет стана вирално видеото од човек во лесна облека, покриен со снег, кој медитира среде снежна бура и започна дебата за неговата автентичност.

Во време кога технологијата драстично напредуваше, а појавата на вештачката интелигенција и софтверот DeepFake ни дозволија да создадеме практично сè што ќе посакаме, јасно е дека луѓето немаат доверба во содржината на Интернет.

Се вели дека снимката е вистинска и го прикажува Сатиндра Нат како медитира високо во планините за време на снежна бура, пишува Oddity Central.

Во Индија има посебна дебата, а духовна организација од градот Кулу, во државата Химачал Прадеш, ја потврдиле автентичноста.

https://twitter.com/i/status/1762364439871754462

останати вести