Група девојки, кои себеси се нарекуваат „Сестрите од долината“, веќе неколку години живеат во американската сојузна држава Калифорнија и живеат од одгледување и продавање марихуана!
Иако се облекуваат како типични калуѓерки, тие велат дека официјално не се поврзани со Католичката црква, ниту со други „стандардни“ верски институции.
Пред доаѓањето на пандемијата на корона вирусот, „калуѓерките“ заработуваle околу 1 милион долари годишно од продажба на разни препарати од марихуана, но признаваат дека оставале поголеми количини и за „лична употреба“.
– Се занимаваме со духовни работи кои не се поврзани со религијата. Религиите продаваат само зборови, а ние сакаме да постигнеме многу повеќе од тоа. Нашето движење е еко – феминистичко со голема улога на духовност – вели една од сестрите во интервју за Сан.
Во заедницата живеат шест жени, од кои најстарата има 62 години и горе – долу цел ден го поминуваат одгледувајќи марихуана.
Велат дека им е доста од животот во „нормалниот“ свет, некои од нив биле успешни менаџери, други студенти… Но, признаваат дека ова е подобро од тоа.
– Препознаваме три типа на луѓе. Тие што беа пред нас, мора да им бидеме благодарни што ни го отворија патот, потоа на сегашната генерација, која мора да обезбеди добра иднина за оние кои допрва ќе пристигнат на земјата – додаваат „сестрите“.
Тие признаваат дека се заедно и сакаат да „запалат“.
– Порано пушевме „трева“ за да избегаме од стресот, но сега, кога нема толку стрес, работите се поинакви. Така, ние само додаваме малку THC во нашите CBD-а за да нè „допре“. Сакаме да готвиме и разни чаеви и колачиња, заклучуваат сестрите.