ИНЦИДЕНТ: “Воспитна“ за балерината од глумецот (ФОТО)

by Тони Зографски

Глумецот Танасије Узуновиќ (77) синоќа во бифето на Нородниот театар во центарот на Белград предизвикал инцидент кога на балерината Д.К. (31) и удрил шлаканица.
Тој со рака и удрил една “воспитна“ на балерината по што била викната полицијата.

-Дојдов во театарот и беше страшна бука, па ги замолив за тишина. Дојде газдарицата на клубот пијана, ме плукна. Морав да ја избуткам бидејќи ме плукаше. Кога ја избуткав ме опци и ми се закани. Ја почекав ќерка ми за да ме земе, а кога си одев, таа седеше со портирите. Ја почекав полиција, им ги дадов моите лични податоци и се заврши работата,- изјавил глумецот за “Курир“.

Против Танасије Узуновиќ  е поднесена прекршочна пријава поради  нарушување на редот и мирот.

Инаку, балерината одбила лекарска помош.

останати вести