Шерон Стоун уште еднаш докажа дека сѐ уште важи за исклучително сексапилна жена.
Имено, на возраст од 65 години, Стоун сѐ уште може да се пофали со згодно и тонирано тело, а тоа го докажува и нејзината последна објава на социјалните медиуми.
„Подготвена за летото“, напиша актерката во описот на фотографијата, на која позира во минијатурен костим за капење во леопард дезен.
Воодушевени од нејзиниот изглед, нејзините следбеници ѝ напишаа голем број комплименти.
„Кралице, тоа! Мислам дека никогаш не си била посензуална“, „Јас сум опседната со тебе“, „Вистинска икона“, „Шерон, ти изгледаш фантастично на секоја возраст. Продолжи да го правиш тоа што го правиш и не ги слушај оние кои критикуваат. Изгледаш одлично – фит и здраво“, гласат дел од коментарите на Инстаграм.