Бурата околу познатата Рита не стивнува откако таа се завитка во српско знаме и го вееше на концерт во Унгарија.
Нејзиното доаѓање во романтичната Венеција не остана незабележан. Пејачката дошла на главниот плоштад, поточно на копното, во елегантен дрвен чамец. Додека, пак, во нејзиното модно издание повторно преовладуваше екстраваганцијата и голотијата.
Таа прошета во проѕирен комбинезон со точки, под кој ѕиркаше црна долна облека со светки. Згора на сето тоа, во средината на август, Рита одлучила да се обвитка во бела бунда до подот. Целиот изглед го заокружила со огромни црни очила, а додека на нозете носела гломазни црни платформи со предимензионирана панделка околу глуждовите.
Веќе наредниот ден, Рита Ора покажа доза на елегантност и гламур каков што доликува на овој престижен филмски фестивал. Пејачката се појави во сребрена тоалета со светки.