ЈА ЗАГУБИ БИТКАТА СО КОРОНАВИРУСОТ: Почина очувот на Енрике Иглесијас

by Тони Зографски

Шпанските медиуми пишуваат дека од коронавирус починал  Карлос Фалко, очув на познатиот пејач Енрике Иглесијас

Карлос бил пациент кој со 83 години спаѓал во ризична група, и хоспитализиран минатата недела, но за жал ја загубил битката со вирусот.

За кратко се огласил и Енрике со емотивна фотографија на својот Инстаграм.

– Поминуваме низ многу тежок период и оваа епидемија зафати многу луѓе, вкучувајќи го и моето семејство. Време е да останете дома и да бидете свесни за своите сакани. Ви испраќам силна прегратка и се надевам дека наскоро ќе се видиме. Разведрете се – напишал Енрике.

Коментари и подршка како и изјави на сочуство по повод загубата на саканиот пристигале од сите страни докажувајќи дека уште еднаш мора во овој тежок момент да ги чуваме нашите сакани како и да бидеме тука едни за други.

останати вести