Светлана Цеца Ражнатовиќ беше специјална гостинка на свадбата на синот на поранешниот шеф на УБК Сашко Мијалков, Јордан.
Тој пред неколку дена се венчаше во манастирот „Јован Бигорски“ со неговата сопруга Анастасија која е косопственик на концептуалната продавница „URMA“.
На свадбата Цеца ги забавуваше гостите, а помеѓу нив голем број градски фаци и пријатели на Јордан и Анастасија. За присутните Цеца ја отпеа и „Македонско девојче“.