Матурантката од Подгорица, Анѓела Станиќ докажа дека има срце како планина. Кога неколку дена пред матурската нејзиниот другар Дамјан останал без партнерка, без размислување таа му се понудила. Нивното дефиле бил пропратено со голем аплауз и со многу солзи на социјалните мрежи. Имено, Дамјан на бал дошол во инвалидска количка која Анѓела ја буткала.
Инаку, Дамјан боледува од мускулна дистрофија и јуначки се бори во животот и никога не се чувствувал поинаков од другите.
-Хендикепот никогаш не ме спречуваше во било што. Во изминативе четири години имам одлични спомени и големо внимание од професорите – вели Дамјан за “Блиц“.
Анѓела со Дамјан се познава три години, и како што вели, иако е една година помала од него, воопшто не се двоумела да му биде партнерка на матурската.
-Дамјан за мене е убедливо најдобрата личност на светот. Кога ми рече дека останал без партнерка, веднаш му се понудив, и тој беше воодушевен. Знаев колку матурската му значеше – вели Анѓела која од креаторот Лазар Илиќ добила гратис фустан.
-Срцето ми е полно и многу ми е драго што бев дел од неговата среќа. Бевме дочеками со овации на матурската. Инаку, не ми е гајле кој како реагира. До година кога јас ќе бидам матурантка ќе го поканам Дамјан да ми биде партнер – изјавила сеуште возбудена од големиот настан Анѓела.