Џенифер Анистон конечно проговори за „аферата“ со Обама: Тивко се разведуваат (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Гласините за можна врска помеѓу Анистон и Обама се појавија откако беше откриено дека бракот меѓу Барак и Мишел Обама е во криза. Овие наводи предизвикаа медиумска бура, а дополнително внимание привлече и тоа што Мишел не присуствуваше на одредени важни настани, како што се погребот на Џими Картер и инаугурацијата на Доналд Трамп.

„Џенифер едвај го познава Обама, а овие гласини се навистина луди“, изјавил извор за Radar Online.

Џенифер, според блиски пријатели, е загрижена за влијанието на овие гласини врз Мишел Обама. Самата актерка беше на удар за слични приказни за време на бракот со Бред Пит, кога медиумите тврдеа дека Бред ја изневерувал со Анџелина Џоли.

„Џен знае колку можат да бидат болни овие приказни. Таа е шокирана, но и збунета, бидејќи не разбира како луѓето доаѓаат до овие идеи“, рекол изворот.

Барак и Мишел – се разделија, но разводот се уште не е официјален.

Извори блиски до Барак тврдат дека тој и Мишел веќе се разделиле и живеат одвоено. Очигледно, разводот ќе се случи тивко, без помпа, за да се зачува нивното достоинство.

останати вести