Ева Лонгорија својот ден го поминала на плажа заедно со својот сопруг и син. Меѓутоа, сите го забележале нејзиното затегнато тело во розовото бикини кое го носела.
Ева Лонгорија денот го поминала на плажа во Шпанија, а „острото око“ на папарацо фотографите успеало да ја забележи актерката додека уживала.
Изминатите години, актерката се мачела со вишокот килограми, особено после породувањето. Но, сега тоа е зад неа затоа што Ева никогаш не изгледала поубаво.
Се зборува дека таа успеала да ослабне 20 килограми благодарение на тоа што преминала на исхрана која се базира на зеленчук.
Таа најмногу консумирала прокељ, спанаќ, блитва, брокули и сличен зеленчук. Ева избегнува да консумира шеќери и јаглехидрати.
За појадок најчесто јаде кајгана од белки и свежо овошје. За ручек јаде мисиркино или пилешко месо, но и зеленчук варен на пареа.
Како ужина после ручекот јаде свежи краставички зачинети до сок од лимон, јаболко со сирење или путер од кикиритки, а сака да пие и јогурт од ванила. За вечера главно била риба и зеленчук на пареа, а преферира и лосос.
Меѓутоа, како што актерката во повеќе наврати истакнала, главниот акцент бил ставен на тренинзите, а како што објаснила, доколку сакате видливи резултати, потребно е да вежбате барем три пати неделно, иако е идеално тоа да биде пет пати неделно.
Таа исто така секојдневно вози велосипед, трча, прави пилатес и јога вежби.