Рита Ора прошета во проѕирен чипкан фустан без градник и црни гаќички (ФОТО)

by Тони Зографски

Рита Ора има проверен рецепт за привлекување на вниманието, а тоа го потврди со своето последно појавување во јавноста.

Пејачката за чии музички успеси во последно време ретко се пишува, пристигнала на еден настан во проѕирен фустан под кој носела само црни гаќички.

Инаку Рита во последните неколку месеци се појавува во јавноста во разголени изданија кои ѝ обезбедуваат место во медиумите.

32-годишната пејачка овојпат носела проѕирен виолетов чипкан фустан без градник, а иако многумина велат дека нејзините изданија се често вулгарни, таа очигледно не се грижи за коментарите и ужива во смелите комбинации.

Во такво издание, Ора добро расположена им позирала на фотографите додека 47-годишниот сопруг Таика го следел секој нејзин чекор.

За потсетување, Рита и Таика се запознале во 2018 година, а гласините за нивната врска се појавија дури 3 години подоцна. Парот се венчаше во август минатата година.

 

 

останати вести