Хрватски министер се обиде да ја бакне шефицата на германската дипломатија, таа му се потргна (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Хрватскиот шеф на дипломатијата Гордан Грлиќ Радман присуствуваше на конференција за зајакнување и проширување на Европската унија во Берлин. Таму тој разговараше со германските министри за нивните реформски идеи за зајакнување на структурите на Европската унија со цел да се подготват за натамошни проширувања.

Но, по што Грлиќ Радман ќе остане запаметен на таа средба е моментот на фотографирање кога хрватскиот шеф на дипломатијата додека се ракуваше се обиде да ја бакне германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок.

Збунета, таа му се потргна и продолжи да гледа во камерите, додека Грлиќ Радман само се насмевна.

https://twitter.com/i/status/1720359875027284461

останати вести