Постар брачен пар од Украина се соочиja и ги избркаа руските војници од нивниот дом. Тие им се спротиставија кога Русите упаднаа на нивниот имот. Видеото било снимено од камерата поставена на една од околните куќи, а беше споделена од амбасадата на Киев.
„Сакаме да ја поздравувиме оваа постара двојка, која застана пред тројца руски војници“, напишаа од амбасадата заедно со хаштагот #UkrainianHeroes. Пензионерите добија пофалби и од Американската амбасада за нивната храброст.
На видеото се гледа како тројцата вооружени руски војници во целосна борбена опрема насилно ја отворија влезната врата и со оружје им се приближија од предниот дел на влезната патека. Не ги исплашија ниту кучињата. Во позадина се слушнаа гласови, проследени со истрел од пиштол.
Сьогодні ми вітаємо цю літню пару, яка протистояла трьом російським солдатам. #UkrainianHeroes pic.twitter.com/DV7RWO3fe0
— U.S. Embassy Kyiv (@USEmbassyKyiv) March 11, 2022