ИМ ПОДЛЕГНА НА ПОВРЕДИТЕ: Почина Шинзо Абе – поранешниот јапонски премиер

by Тони Зографски

Поранешниот премиер на Јапонија починал откако беше застрелан додека држеше предизборен говор, јавуваат локалните вести.

Јапонската медиумска станица „NHK“ објави дека Абе починал откако бил застрелан двапати.

41-годишниот осомничен беше совладан на местото на настанот од страна на безбедносните службеници и веќе е во полиција.

Претходно јапонскиот премиер Фумио Кишида објави дека Абе е во критична состојба во болница.

Официјалните лица изјавија дека Абе бил застрелан во вратот и градите и дека претрпел значително внатрешно крварење.

останати вести