Новата британска министерка за образование им покажа среден прст на демонстрантите (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Пред да биде именувана за нова министерка за образование на Велика Британија во четвртокот, Андреа Џенкинс им покажа среден прст на демонстрантите собрани пред канцеларијата на премиерот во лондонската Даунинг стрит.

Џенкинс беше назначена за министер непосредно пред Борис Џонсон да објави дека се повлекува од функцијата лидер на Конзервативната партија.

Таа е конзервативна политичарка која дојде во канцеларијата на Џонсон да го поддржи пред тој да ја објави својата оставка.

Снимката предизвика бес кај критичарите на Џонсон во Британија.

останати вести