Хејли Бибер се пофалила на „Инстаграм“ со својот костим за Ноќта на вештерките инспириран од улогата на Кармен Електра во „Scary Movie“.
Манекенката се соблекла по долна облека како би ја портретирала Кармен Електра во култната уводна сцена на хорор-комедијата од 2000 година.
Во низата фотографии таа може да се види во чипкан комплет бела долна облека и „Конверс“ патики. Косата ѝ била залижана, исто како на Електра во сцената каде што ја глумела лудата девојка. По сцената каде што ја брка Ghostface, таа е избодена, но ја спасува имплантот во градите.
Инспирирана од познатата сцена, таа споделила и фотографија на која е облечена како актерката во филмот, во бел џемпер и користејќи фиксен телефон како би повикала помош пред да биде во опасност.
Основачката на брендот „Rhode Skin“ ден претходно покажала уште еден костим, а таа и нејзиниот сопруг Џастин Бибер се маскирале во популарните „Flinstonese“.
Хејли била облечена како Пеблс Флинстоун, додека Џастин без маица го оживеал Бам-Бам на забавата во Лос Анџелес по повод Ноќта на вештерките.
Џастин одлучил да се појави без маица, па ги покажал бројните тетоважи кои го красат неговиот горен дел од телото.