618
Откако се пофали дека се забавувала до зори на Формула 1 трката во Лас Вегас во предизвикувачко издание, Хајди Клум објави видео во кое повторно ги изненади фановите.
Манекенката со своите следбеници сподели кратко видео на кое среќно скока пред телевизор, облечена во бела кошула која ја откопча и ја покажа белата долна облека.
Со пуштена коса и со наочари за сонце, манекенката скока и танцува во својата дневна соба. Изгледа дека со нетрпение очекувала да ја гледа серијата на телевизија, а во радоста подоцна ѝ се придружи и нејзиното куче.
