Хајди Клум неодамна престојуваше во Париз каде што се одржа Неделата на висока мода, и каде што се појави на ревијата на модната куќа “Валентино“ и предизвика големо внимание.
Имено, насобраната толпа, но и новинарите и фотографите, неуморно сликаа со своите фотоапарати снимајќи ја Хајди во свој елемент – одлично расположена и самоуверена во смело издание.
Германскиот супермодел избра интересна креација во комбинација на црна и сина боја, а додека од една страна ова е сосема нормален, обичен фустан од лелеав шифон, од друга страна се претвора во парче идеално за „мајсторките за скандали“.
Имено, фустанот има шлиц до половината, кој е толку длабок шлиц што целосно ги открива извајаните нозе на оваа дама, откривајќи дека не носи гаќички.