Данската водителка Иби Стовинг, ги додели наградите на „Zulu Awards“ и одлучила тоа да го направи целосно гола!
Имено, без ништо на себе Иби излегла пред повеќе од 1.000 луѓе за да ги прогласи победниците.
Единствено што го красело нејзиното меѓуножје била голема црвена буква З, а се претпоставува дека буквата го одбележува името на наградата која истоимената телевизија ја доделува во 14 категории, меѓу останатото за филм, музика, спорт и ТВ реклами.
За Иби денеска пишуваат сите светски медиуми, се чини дека нашла начин да ги добие „своите пет минути“ слава.