Јелена Карлеуша преку социјалните мрежи денеска ја информираше јавноста дека таа и сопругот Душко Тошиќ се разведуваат.
„Душко и јас се договоривме да се разведеме по 14 години брак. За жал Душко не се гледа повеќе како дел од нашето семејство… започнува Карлеуша“.
Таа потоа вели дека имотот ќе им остане на децата и дека старателството и припаѓа на неа.
„Од јавноста не очекувам човечко разбирање, поминав секаков линч, па ќе го поминам и ова, НАВАЛЕТЕ“, додава таа.
Досега многупати се шпекулираше дека нивниот брак е во криза, особено после аферата на Јелена со фудбалерот Врањеш, а последно беше физичкото насилство од страна на Душко, но и по двете ситуации парот си даде нова шанса за да не им пропадне бракот.