“До 12 часот имаме 85 болни, во шест градови, Скопје, Дебар, Гостивар, Кавадарци, Штип и Охрид. Едната пациентка е во непроменета состојба, торја се со потешка форма на пневмонија, другите со полесна. Пациентите пуштени во домашни услови се стабилни во комуникација со здравствените власти“, изјави министерот за здравство Венко Филипче на денешниот прес.
“Во системот на закажување „мој термин“ ќе бидат вклучени и матичните лекари. Пациентите ќе можат да се јават кај матичните лекари кои ќе закажат тестирање во двата пункта доколку определат дека има потреба. Денеска заврши и набавката на респираторни машини. Имаме 120 респираторни машини на располагање, подготвени се и останатите капацитети, информираше министерот.
Се одржа состанок на комисијата за заразни болести, се разговараше за дополнителни мерки и донесе предлог што ќе биде испратен до владата која има состанок од 18 часот.
Филипче на новинарски прашање околу полните паркови со луѓе, информираше дека има сериона бројка на недговорни граѓани и мерките ќе се заоструваат.