Кога шестогодишната Калеа Авери од Калифорнија едно утро се исповратила, родителите биле уверени дека само ја мачи желудникот. Но повраќањето продолжило, па мајка и ја однела на преглед. Докторите поставиле дијагноза: редок, канцероген тумор кој расте на задниот дел на мозокот.
Две недели откако Калеа била примена во болница, слични симптоми почнал да чувствува и нејзиниот брат, петогодишниот Ноах. Докторите и нему му направиле магнетна резонанса и откриле дека и кај него се работи за истиот тумор како и кај неговата сестра.
Нивниот татко во прв момент помислил дека малиот Ноах ги имитара движењата на неговата сестра бидејќи му недостасува, но потоа приметил дека некординирано се движи и повраќа.
“ Мојата сопруга и јас бевме во тотален шок. Скршени. Како е можно во рок од 14 дена две деца да имаат ист тумор? Како е тоа можно?“ изјавил татко то за медиумите.
Инаку, семејството Авери веднаш по дијагнозата изврши генетско тестирање, за да се утврди дали овој вид на тумор е наследен.