Секоја сезона нè напаѓаат до 200 различни видови вируси, но доминираат еден или пак два најопасни.

Докторите советуваат: искористете го ова време да го зајакнете вашиот имунитет. Тогаш шансите да бидете загрозени поради некаква инфекција се многу мали.

Ова се советите од руските доктори:

– Свежиот воздух го зајакнува имунитетот, а сонцето создава „залихи“ во организмот – витаминот Д кој што помага во одбрана од инфекции.

– Возење велосипед, трчање, прошетки во природа, било каква физичка активност ќе допринесат за вашето здравје.

– Доколку се храните нездраво, сами ја отворате вратата за многу болести. Анализирајте го вашето мени: дали храната која што ја внесувате е разновидна, свежа, полна со витамини и минерали?

– Доколку имате некаква хронична болест, тогаш немојте никогаш да ја занемарувате.

– Престанете да пушите цигари.

– Насмевката го продолжува животот. Стресот негативно влијае на одбранбениот систем на организмот.

– Задржете ги добрите навики: мијте ги рацете, носете заштитна маска…