Компанијата објави на својот блог дека се ребрендира – ќе го задржи името на социјалната мрежа, но ќе има ново лого за подобро да ги означи сите различни производи и услуги што сега ги нуди, вклучително и Instagram и WhatsApp. Со новото лого, името на компанијата ќе биде испишано со големи букви – ФЕЈСБУК.
– Сакавме да направиме разлика помеѓу апликацијата и компанијата“, објаснуваат од Фејсбук.
Логото треба да се користи од следната недела и ќе биде вметнето во сите производи и апликации што ги поседува Фејсбук , како и во промотивните материјали.
Пред неколку месеци, Фејсбук објави дека ќе ги вметнат „by Facebook“ во сите нивни апликации, но дури сега се откри дека наместо препознатливата сина икона на Фејсбук, ќе биде поставено ова ново лого.