Холивудската актерка пристигна на црвениот тепих во многу убаво и нетипично издание кое се издвојува од стандардниот избор на познатите убавици.

Ума донесе допир на ретка софистицираност и врвна елеганција без никаков кич. Таа избрала прекрасен фустан од тежок сатен во боја на шампањ, потпишан од модната куќа Диор.

Фустанот е украсен со тенки прерамки и се проширува од половината надолу, додека особено впечатлив детал кој го подигна целиот аутфит на повисоко ниво беше предимензионираната црвена наметка. Прославената 53-годишна актерка го заокружи изданието со ефектно ланче направено од комбинација од дијаманти и црвени, стаклени мониста и ситни рубини на нејзините уши.

И изборот на обувки на Ума за црвениот тепих беше многу интересен – таа избра едноставни, златни апостолки кои многу жени би ги носеле дури и на плажа или лежерно шетајќи низ градот. Ова беше храбар избор, но не го расипа целокупниот впечаток – актерката навистина изгледаше прекрасно!

Инаку, таа на фестивалот пристигна во придружба на нејзиниот син Левон Роан, кого го има во брак со колегата Итан Хок, а ова 21-годишно момче избрало совршено скроен темно син костум.