Трудница (23) во деветтиот месец од бременоста била искасана од глутница кучиња во близина на Општата болница во Нови Пазар, дознава порталот Нова.рс.
Бремена жена од овој град отишла на редовен преглед и минувала зад хируршкото одделение во Општата болница во Нови Пазар, кога на неа налетала глутница кучиња, жената се обидела да се одбрани, но не можела , па кучињата ја каснале, пишува Нова.
Според информациите до кои дојдовме, трудницата има неколку каснувања по телото во пределот на левата и десната нога, а сега е на домашно лекување и е во добра состојба.
Како што пишува порталот, ова не е прв пат кучиња скитници да напаѓаат минувачи на тоа место. Според информациите до кои дојдоа, ова е трет случај кучиња да напаѓаат минувачи и пациенти на Општата болница во Нови Пазар, а во просториите на болницата има и Медицинско училиште, што според граѓаните е опасност и за децата.